Модните колекции за ова лето се обоени во сите бои, но вистинскиот хит и момент кој го задржа вниманието на познатите се токму панталоните. Тие се забавни, широки и тесни, во бохо и хипи стил, обоени во сите бои и во сите дезени. Можеме да ги видиме кај познатите додека парадираат низ улиците и веднаш посакуваме да ги имаме истите.
Не одрекуваме дека трендот со шарените „кловн“ панталоните е ризичен, и главна улога во овој тренд е секако самодовербата. Мора да се чувствувате заводливо и прекрасно, и ќе ги освојувате улиците и погледите од околу вас.

















