Кромидот спаѓа во семејството на луковидни растенија и е богат со соединенија кои содржат сулфур, кој е одговорен за неговиот јак мирис и многу од неговите особини добри за здравјето.
Кромидот спаѓа во семејството на луковидни растенија и е богат со соединенија кои содржат сулфур, кој е одговорен за неговиот јак мирис и многу од неговите особини добри за здравјето.
Кардиоваскуларен систем
Постојат докази за тоа дека соединенијата кои содржат сулфур делуваат против затнување на крвните садови и згрутчување на крвта. Сулфурните соединенија всушност ја подобруваат работата на крвните садови, а можат да влијаат и во намалување на нивото на холестерол и триглицериди. Внесувањето на кромидот во исхраната може да влијае на превенција од срцев удар, а високото ниво на флавоноиди кои тој ги содржи одат во прилог на ова сознание.
Коски
Истражувањата покажале дека кромидот може да ја зголеми цврстината на коските, што е особено добро за жените кои поминуваат низ менопауза. Бидејќи во менопаузата коските слабеат и остануваат слаби и по нејзиното завршување, кромидот е добар и за жените кои веќе минале низ овој период поради тоа што го намалува ризикот од фрактури на колковите. Студиите покажале дека само редовната консумација на кромид може да ги истакне овие позитивни особини, бидејќи кај жени кои консумирале кромид еднаш или два пати во месецот цврстината на коските не била зголемена. Високото ниво на сулфур може да влијае на и на р’скавицата, бидејќи таа е направена од ткиво на кое му е потребен сулфур за да се оформи.
Против воспаленија
Молекулите на сулфур кои кромидот ги содржи ја поттикнуваат активноста на макрофазите – специфични бели крвни клетки, кои играат голема улога во имуниот систем. Имено тие се задолжени да реагираат кога во телото се јавуваат воспаленија. Кромидот е богат и со антиоксидансите, кои исто така се добри во борбата против воспаленија.
Превенција од канцер
Се покажало дека кромидот има удел во намалување на ризикот од неколку типа на канцер (на дебелото црево, гласните жици и јајниците), дури и кога се консумира во умерени дози. Сепак за целосно да се искористат бенефициите од кромидот, потребно се да користи барем еден цел кромид зготвен во јадење, или половина главица жив кромид дневно.
Други придобивки
Кромидот е познат по тоа што го одржува балансот на шеќерот во крвта. Исто така поради присуството на флаваноиди тој делува и превентивно против бактериски инфекции, или пак го спречува понатамошното проширување на истите.
