Модринките се посебно незгодна појава на нозете, посебно во топлиот период кога најмногу од сè сакате да облечете кратки панталони или здолниште.
Но, се удривте, а вашето тело е склоно кон модринки кои се создаваат за секунда.
Наместо со денови само да ги гледате како менуваат боја од зелени, до виолетови, штом се удрите пробајте ги овие совети:
– На болното место веднаш ставете обична студена облога. Менувајте ја облогата на секои 5 минути. Мразот не ја намалува болката, но го забавува протокот на крв низ крвните садови и го спречува создавањето хематоми.
– Откако ќе ја смирите модринката, препорачливо е да се намачкате со крема од невен.
– Листот од зелка е исто така одлична облога која ја смирува подуеноста. Замотајте го местото со газа, држете 2 часа, па потоа отстранете.
– На ист начин може да нанесете и магдонос, само претходно добро иситнете или исечкајте го.
– Можете да ставите и компир, сварен и изгмечен, да додадете во него малку мед и вода па да го ставите на повреденото место. Оставете го да постои 15 минути.
– Кромидот исто така е одличен против модрици, затоа што има антивоспалително дејство.
– Памукот натопен во оцет е одлична облога која ја подобрува циркулацијата, а на модринката може да нанесете и путер или масло од рицинус кое ќе направи виолетовата флека да исчезне.
