Motherhood

Што кога Вашето дете сака да спие во ист кревет со Вас?

Вашето дете ја открило можноста да се втурне во Вашиот кревет и да ја преспие ноќта со Вас. Што би било добра одлука во таков момент?

На ова прашање нема едноставен одговор. Во повеќето семејства низ светот се јавува истиот проблем, децата спијат во истиот кревет во којшто спијат и родителите. Многумина од родителите мислат дека делењето на постелата со своите малечки би можело да претставува проблем. Одлуката што ќе ја донесете треба да биде базирана на тоа како Вашето семејство може да функционира најдобро. Ако мислите дека во текот на денот не поминувате доволно време со Вашето дете или пак се плашите дека нема да го чуете неговиот плач во текот на ноќта или мислите дека плачењето би ги разбудило соседите, можеби сепак е добра идеја, одвреме навреме, да го оставите детето да преноќи во Вашиот кревет.

Секако, оваа одлука може да влијае на врската со Вашиот партнер, приватноста и Вашиот цврст сон којшто ќе ви биде потребен за справување со утрешниот ден.

Еве неколку идеи кои би можеле да ви помогнат:

Ставете ноќна светилка во неговата соба.

Легнете си со него во кревет неколку минути или останете додека тоа не заспие.

Ставете вреќа за спиење или помошно креветче до Вашиот кревет. Така детето ќе биде близу, но нема да биде во Вашата постела.

Снимете ЦД на кое со Вашиот глас ќе му читате приказни, па пуштете го секогаш кога е време за спиење.

Иако затворени врати не се препорачуваат заради безбедност од пожар, можеби би било добро да размислите за опцијата да спиете со отворени врати одреден период.

Дозволете му на Вашето дете да си одбере чаршаф или пак нова перница којашто неговиот кревет ќе го направи специјално место.

Ако плишано мече не ја заврши работата, аквариум со златна рипка секогаш е добра опција.

Дозволете му на Вашето дете да спие во иста соба со своето братче или сестриче.

Наградете го за поминатата ноќ во својот кревет или направете табела со деновите од неделата и залепете светкава налепница секој пат кога детето ќе ја помине ноќта во својот кревет.

Write A Comment