Венчаницата, без сомневање е софистицирана, класична и романтична креација. Постојат и такви невести кои бираат бајковити модели, но ретки се невестите кои би ја прославиле венчавката во панталони.
Со самото тоа што ќе одберете панталони, ќе и дадете посебен шмек на целата комбинација, а со атрактивниот корсет, ракавите кои паѓаат и шеширот, секоја невеста ќе изгледа совршено.
Колку и да не ви звучи женствено и гламурозно, сепак на белиот комбинезон можете да му додадете опашка која ќе се влече како кај фустанот, ракави кои паѓаат или тул кој ќе ви даде поинаква форма на телото.



