Заради подочниците изгледаме постаро, уморно, а и нашиот поглед нема сјај. За да се ослободите до подочниците потребно е да го направите следново:
Спијте на подигната површина
Оние кои спијат на ниска перница, или воопшто не ја користат имаат поглеми подочници. Затоа поткеренете ја главата додека спиете. Важно е и да нема светло во просторијата во која спиете. Телевизорот и светлото нека бидат исклучени.
Пијте многу вода
Течностите се исто така важни за да се избришат подочниците. Алкохолот, кафето не се препорачани пијалоци.
Ладете го пределот околу очите
Ставете ладни облоги или пак ставете кругови краставица. Ваквите облоги барем ќе ја осветлат потемнетата кожа околу очите.
Крема за лице
На личностите на кои им се изразени подочниците се препорачува да користат крема која е богата со витамин Ц и К. Тоа многу ќе им помогне.
