Потребни состојки:
- 2дл млеко
- 80гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 жолчка
- 2 лажици густин
- 1 лажица какао
- 40гр чоколадо
- 30гр путер
За тесто:
- 150гр брашно
- ½ лажичка прашок за пециво
- малку сол
- 50гр путер
- 1 белка
- 1 лажица ладна вода
Начин на подготовка:
Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, додадете густин, какао и неколку лажици ладно млеко. Останатото млеко загрејте го и кога ќе зоврие, полека истурете ја изматената смеса со шеќер. Варете една до две минути и тргнете од оган. Веднаш додадете искршено чоколадо и парче путер. Мешајте додека добро не се раствори.
Ќе добиете смеса слична на густ пудинг од чоколадо. Покријте со фолија и ставете го некаде на ладно да се олади и стегне, може и во замрзнувач.
Додека филот се лади, подгответе го тестото: измешајте го брашното со прашок за пециво, додадетемалку сол, коцка путер и една белка од јајце. По потреба додадете 1 лажица ладна вода, па замесете тесто. Замотајте во фолија и оставете да се лади.

Откако филот е добро оладен, по околу еден час, можеме да почнеме да правиме питички. Тестото поделете го на 6-8 делови и секој тенко растегнете го во облик на правоаголник или круг. На средина на тестото ставете по една лажица од оладениот фил, а рабовите премачкајте ги со изматена белка. Поклопете и со вилушка добро притиснете за да се спои убаво.
Загрејте масло во мал сад, спуштете по едно или две пакетчиња и кратко пржете од двете страни додека убаво не поруменат.
Пакетчето извадете го на кујнска хартија, да ја упие вишокот маснотија, а потоа посипете со шеќер во прав и веднаш послужете додека е топло. Може да се сервира со топче сладолед од ванила!

