Motherhood

Како несвесно ги програмираме децата?!

Доктор Лаир Рибеиро зборува за едно научно истражување, спроведено од експерти во САД со цел да откријат што слушаат децата во тек на денот и откриле дека од раѓањето па се до 8 години детето го слуша зборчето НЕ средно по 35 пати на ден. Можеби секое едно од овие деца откако упорно го слуша НЕ- то, отпосле решава дека за да се обидеш да играш, да ризикуваш, да пробуваш нови нешта, и на крај да живееш, е нешто забрането.

Не сакам да кажам дека поставувањето граници кај децата е порочна и лоша пратика, но ако тоа прерасне во тик, без да се има во предвид дека детето е личност, што има право да ја истражува околната средина, постепено ќе ја изгуби својата спонтаност, способноста да создава своја лична територија, желбата да слуша, да споделува, да превзема ризици, да се впушта во непознатото и авантури.

Освен не-то постојат и други порочни изрази во процесот на воспитување макар што понекогаш се кажани со добри намери, како например: многу си слабичко, како прасенце си, ти си кукличка, ти си принцеза, говедо си, животно, ист како татко ти си, ти ќе кршиш женски срца, за ништо не те бидува, ти си специјален(специјален за што?!)

Со овие или слични изрази по некаков начин ни се вели какви сме и какви треба да бидеме во иднина.

Односно, ние сме го прифатиле ваквото мислење како даденост, веруваме во нив, и цел живот се обидуваме да ги оправдаме ваквите очекувања, без да си дадеме сметка дека тоа не сме ние, тоа е образот што ни е наметнат од родителите, обштството, средината…

„Внатрешниот компас“ Алекс Ровира

Write A Comment