Убавина

Како да имаме тело без целулит? 100% успех!

Сите го чекаме летото, а женската популација почнува да се спрема уште во зимските месеци за тој летен период. Сакаме да носиме, сукњички, фустани, кратки панталони и во исто време да имаме нозе кои се привлечни за окото, без целулит и затегнати. Многу битен факт за да го уништиме масното ткиво е внесувањето вода и физичката активност. Меѓутоа само со тие две работи процесот за намалување на кората од портокал, често пати знае да биде многу спора.

Во прилог ви даваме сигурна и успешна рецепта која треба да се практикува минимум два пати неделно:

  • 1 шоља талог од кафе
  • 1/2 шоља кафеав шеќер
  • 1 дл млеко
  • 3 супени лажици маслиново масло

Се мешаат и се нанесува на кожата. Смесата треба да отстои  15-20 минути. Потоа се измива со млака вода и телото се мачка со млеко.

 

Write A Comment