Bridal

Како да изберете совршен бидермаер

Иако најмногу време ќе ви одземе избирањето на невестинскиот фустан, важен дел од вашиот сталјинг ќе биде и бидермаерот, па ви советуваме добро да размислите и да ги разгледате сите опции.

Иако во нашата традиција кумовите го носат невестинскиот букет, сепак во денешно време бидермаерот се бира во консултации со невестата. Иако на крајот на свадбата ќе треба да го „фрлите“, размислете добро бидејќи вашиот буќет ќе го има на секоја слика и тоа во центарот на вниманието.

Она што треба да одлучите е дали сакате формален, полуформален или необичен бидермаер. Она што можеме да ви дадеме како совет е големината на бидермаерот да биде во склад со должината на вашата венчаница. Големи бидермаери се за големи, раскошни венчаници, а помали бидермаери се за потесни, елегантни фустани.

Најпопуларни видови на бидермаери се:

Положен: Овој вид на бидермаер е уште познат како водопад од цвеќиња. Цвеќињата се наредени за да изгледаат како да паѓаат од раката на невестата. За ваков бидермаер може да изберете цвеќиња со големи цветови како рози, кали или орхидеи.

Точест: Овој вид на бидермаери најдобро прилегаат на поситни девојки.Тиесе точести најчесто се прават од ситна ружа,може и од крупна но само неколку цвета,каде можат да се доукрасат со циркони и други додатоци по желба.

Write A Comment