Санторини е еден од најромантичните, најволшебните и најтрадиционалните острови во Грција. Го посетуваат туристи од секоја точка на Земјината топка и сите се воодушевени од магијата која ја поседува.
Санторини (или Тира, како што му е официјалното име) е вулкански остров во облик на буквата С, чија лагуна од другата страна делумно го затвора помалиот остров Тирасиа, а во центарот на лагуната се наоѓаат активните вулкански островчиња Неа Камени и Палиа Камени. Брегот на Санторини од внатрешната страна на лагуната е висока и стрмна и погледот на неа од палубата на брод го одзема здивот.
Должината на брегот на Санторини е 69 километри, а неговите плажи се едни од најубавите на Медитеранот. Прекриени се со бел, сив или црн песок, а водата е длабока и кристално чиста. Познатите плажи на Санторини се наоѓаат во главно по должина на источната и југоисточната страна на островот, а секоја од нив има посебни убавини. Повеќето плажи се многу добро организирани, опремени со лежалки, чадори, имаат голем број на кафулиња и ресторани, а повеќето од нив нудат и одлични услови за спорт на вода.
Санторини го одликува специфична архитектура со куќи со бели фасади, градени во типичен кикладски стил. Вреди да се посети Акротири, праисториски град и најважен локалитет на островот, како и црквите, кои поради својата бела боја, како да воздивнуваат мир и спокој.
Интересно е тоа што карактеристично за овој остров е што превозот е исклучиво со магариња.




