Оваа прекрасна и потполно реновирана вила се наоѓа на островот Мајорка, Шпанија. Оваа вила има модерен дизајн и панорамски поглед на морето кое просто го одзема здивот.
Објектот содржи 6 спални соби, 6 бањи, дневна соба со камин, трпезарија, кујна и посебно студио за гости кое е украсено во модерен стил.
Оваа раскошна вила може да биде ваша доколку имате малку подлабок џеб, и тоа за само 7.450.000 евра. 🙂








