Едно од најпопуларните парчиња летна облека се шорцевите со чипка, ако не ви паднало на ум да си ги направите сами (наместо да давате пари во бутици), ние ќе ви покажеме како.
Старите шорцеви во ново руво ќе ги доведете со малку вештина, трпение и секако, чипка која може лесно да ја најдете во продавниците каде се продава текстил или украси и монистри.
Измерете колку чипка ви е потребно, во зависност од вашите шорцеви и во зависност од тоа дали сакате само предната страна или цели да ги покриете со чипка. Полека започнете со шиење, слој по слој, со мало преклопување, а со оглед на тоа дека чипката ќе ја покрие вашата „вештина“ за шиење, не грижете се ако не сте голем талент.
Набрзо ќе имате нов пар шорцеви, за малку пари.

