Мојата кујна

Десерт со крем од нескафе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 – 3 лажици бадеми мелени

* 1 лажица нескафе

* 3 лажици шеќер

* 200 мл. млеко

* 100 гр. шеќер во прав

* 100 гр. путер

* 50 гр. маргарин

* 2 – 3 лажици бадеми мелени

* 1 лажичка прашок за пециво

* 4 лажици брашно

* 5 лажици шеќер

* 3 јајца

* 1 пудинг од ванила

* кора од 1 лимон

* 5 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте ги јајцата и шеќерот со миксер. Потоа додадете ги сите состојки за тестото и продолжете со мешање додека да добиете изедначена смеса.

Обложете еден плех со хартија за печење и во него истурете ја внимателно смесата за ролатот. Намалете ја рерната на 160 степени и печете го тестото 30 минути. Потоа извадете го плехот и превртете го ролатот врз влажна кујнска крпа за да омекне.

Нескафето и шеќерот измешајте ги со малку топло млеко за да се растопат. Прашокот за пудинг измешајте го со 2-3 лажици ладно млеко. Во еден сад измешајте ги со миксер јајцата. Потоа додадете ја смесата од шеќер и нескафе, прашокот за пудинг и целото млеко. Изматете ја добро смесата. Потоа префрлете ја во едно тенџере и варете ја на среден оган со постојано мешање додека да се згусне. Оставете го кремот добро да се излади а потоа измешајте го со миксер со путерот, маргаринот, шеќерот во прав и мелените бадеми. Намачкајте го ролатот со 2/3 од кремот. Завиткајте го внимателно ролатот и намачкајте го со остатокот од кремот. Декорирајте со сецкани бадеми.

Write A Comment