Motherhood

Колку е опасно ако навреме не им ја промените пелената на бебињата?

Природно, секоја мајка има стравови кога станува збор за правилна нега на интимната регија на бебето, пред се, поради ризикот за настанување на инфекции. Секогаш постојат стравови од инфекции на уринарниот тракт, кои кај малите припаднички на понежниот пол се јавуваат почесто отколку кај момчињата. Не(обрежан) пенис, протекување надвор од пелените, опасност од инфекции… Ова се само некои од грижите на мајките на момчињата.Многу мајки се во дилема дали правилно знаат да го повијат своето дете. Притоа се поставува и прашањето:

КОЛКУ ЧЕСТО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА ПЕЛЕНАТА НА ДЕТЕТО?

На почетокот сите мајки им менуваат пелени на своите бебиња на секои три часа, па дури и почесто. Меѓутоа кога бебето ќе почне да ползи, да се движи и да си игра со играчки, ќе се случи да изврши голема нужда, а тоа да не ви го „пријави“.

Некои бебиња плачат непосредно пред да ја наполнат пелената, додека има и такви кои и по извршувањето на нуждата упорно ќе молчат. Доколку сте мајка на бебе од оваа втората категорија, можеби понекогаш ќе го пуштите да се движи со полни пелени.

ДАЛИ ТОА Е ВО РЕД?

Изметот е полн со бактерии и мириса непријатно, па поради тоа пожелно е да го пресоблечете и измиете детето, веднаш откако ќе забележите дека ја наполнило пелената.

Меѓутоа што се однесува до мокрењето, работата е поинаква: урината исто така ја иритира нежната бебешка кожа, но бидејќи повеќето пелени имаат голема моќ на впивање, како и слој, кој ја штити бебешката кожа од урина, не морате да го пресоблекувате по секое мокрење.

Write A Comment