Можеби не сте од оние девојки кои последните пари ќе ги потрошат на разубавување во салон, но сакате да изгледате како дел од магазините. Ни тоа не е проблем со неколку паметни трикови кои даваат одлични резултати.
Совршена линија на капка без туш за очи
Земете моливче за очи и приближете го близу пламен на околу 30 секунди. Оставете го малку да се излади па внимателно повлечете линија. Ќе добиете богата и постојана линија која нема да се размачкува.
Постојаност на карминот на усни
Откако ќе нанесете кармин, преку усните ставете танко хартиено марамче и преку него нанесете пудра во прав. Бојата на карминот ќе се надополни, а самиот кармин подолго ќе остане на усните.
Брзинско сушење на лакот на нокти
Откако се налакиравте, ставете ги прстите во ладна вода на неколку секунди. Тоа ќе го забрза процесот на сушење.
Брановидна коса
Пред спиење, цврсто сплетете плетенки. Кога ќе се разбудите, расплетете ги и ставете лак за коса. Ќе имате брановидна коса без користење виклери.
Совршено нанесена маскара
При нанесувањето маскара на трепките, користете некоја пластична картичка (лична карта, кредитна и сл) при што ќе ја ставите на капакот зад трепките. Со тоа ќе спречите да се преслика маскарата на капакот и ќе овозможите со четкичката да ги намачката трепките од корен.
