Доколку сакате да ги избегнете градските гужви и да се препуштите на магијата на преубавата природа и луксузот, ова сигурно е идеалното место за Вас…
„ Seychelles Safari Retreat “ е одмаралиштето со прекрасна природа. Опкружено со богата флора и фауна, што е карактеристично за ова подрачје, ова место ќе го направи Вашиот одмор единствен и освежувачки, богат со раскошен луксуз. Ентериерот и самата архитектура припаѓаат на луксузна катагорија, но не и модерна, бидејќи сопствениците на овој комплекс се согласиле на егзотична варијанта…
Освен на прекрасната плажа, времето може да го поминете и на базен, во теретана, спа центар, библиотека… Комплексот содржи и приватен центар за нуркање од врвна класа. На спротивниот дел, времето можете да го поминете во барот на плажа, ресторанот, каде може да вкусите специјални коктели, со заоѓањето на сонцето…
Кралскиот одмор како и услугата се синоним за овој раскошен, светски познат комплекс…











