Секогаш биле, а и ќе останат, едни од омилените парчиња гардероба, а сосема е јасно и зошто: здолништата се удобни, сестрани и, покрај се, женствени. Оваа сезона се популарни различни модели, од мини преку здолништа со средна должина до долги, но и со принт: цветен дизајн, неизбежниот тексас и пругите се само некои од нив.
Погледенете некои од најпопуларните кои можат да ви послужат како инспирација.

















