Вистина е дека децата се најубавиот подарок. Сепак кога ќе почнете да размислувате за зголемување на фамилијата, земете ги во обѕир неколкуте клучни работи.
Ви ги претставуваме погрешните причини поради кои сакате да добиете деца.
Сакате нешто ново со што би се занимавале во животот. Венчавката и медениот месец поминаа како во сон, и по тоа сте се вратиле на секојдневната рутина а тоа веќе почнало да ве заморува. Сега сакате бебе. Меѓутоа, досадата како таква не смее да биде причината поради која сакате да имате бебе, па затоа почнете со некое хоби кое ќе ви го одвлече вниманието. Добро размислете за причината дали да си го проширете семејството е од досада или од тоа дека навистина го сакате тоа. Бебето бара многу откажувања и обврски, а ќе морате да се грижете за него и да изведете на прав пат.
Стравот дека може да имате проблеми со плодноста е исто така една погрешна причина да имате бебе. Доколку сте слушнале за некој брачен пар дека долго време се обидува да добие дете и дека во тоа не успева, реално е дека и вие ќе се запрашате дали е се во ред и со вас и вашиот партнер. Притоа ќе се „фрлите“ на проблемот околу забременувањето за навреме да откриете за не дај Боже има некој проблем. Но тоа ви е грешка. Не ви кажуваме дека треба да чекате до последен момент за да почнете да работите на случајот со забременувањето, но сепак прво добро размислете дали сте подготвени за таков голем чекор. Морате да бидете свесни дека некому може да му се случи бременост веднаш, но некому му е потребно малку повеќе време.
