Секоја жена мечтае да најде партнер со кој ќе создаде стабилна и јака врска која ќе трае до крајот на животот. Замислувате како ќе изградите заеднички живот, го планирате времето за проширување на семејството, купување на куќа… Во идеална ситуација вие и вашиот сопруг треба да имате заеднички цели, но често токму поради различните визии околу заедничкиот живот доаѓа до развод.
Една од најтешките работи кога станува збор за развод во 30-тите е таа што жалите поради тоа што губите се за што сте сонувале. Во еден момент ви се чини дека вашиот живот е на добар пат, но во следниот сваќате дека сте се нашле во слепа улица. Токму поради тоа психолошките последици од разводот се особено тешки. Веројатно тоа е една од причините поради која многумина разводот го споредуваат со жалењето и тагувањето. Не само што сте останале без сопруг, кој може, но и немора да ви недостасува, туку сте го изгубиле и компасот, смислата, познатиот правец и многу планови и цели кои сте ги направиле и поставиле.
Разводот во 30-тите може да го доживеете како огромен личен неуспех. Повеќето жени сметаат дека се многу млади за да имаат зад себе пропаднат брак, додека од друга страна, сметаат дека им е касно за нов почеток. Но, каква и да е вашата состојба, факт е дека сте принудени да почнете од почеток. По лутината, тагата, разочарувањето, ќе сватите дека е време да тргнете понатаму, да направите нови планови и да одредите нови цели во вашиот живот, но овој пат потполно сами. Немојте да си дозволите себе разводот да ве дефинира. Секако дека разводот не е безболен ниту пожелен, тој е рушење на животниот проект. Но, кога еден проект нема да ви успее, наместо да жалите време е да изградите нов, успешен проект.
Никогаш не е доцна. Ќе имате доволно искуство и зрелост за иднината, за остварување и градење на успешни односи. Животот не завршува со разводот.
30-тите години се најдобрите години. Доволно сте зрели емоционално и имате доволно искуство за да постигнете успех во она што го сакате. Можеби животот за вас има подготвено многу поубаво сценарио. Само напред! Ве очекуваат уште многу убави нешта!
