Овој остров е љубов на прв поглед , скриена оаза на убавина и спокојство , скапоцен камен на Саронските Острови и Грција. Хидра е еден од најубавите грчки острови со единствена архитектура, место на кое на секој чекор се чувствува традиционалниот грчки дух. На овој остров се забранети моторни возила, а до единствената песочна плажа се доаѓа со траект.
Во јужниот дел од Грција, само шест километри од Пелопонез , се наоѓа Хидра. Таа била откриена од страна на голем број на уметници и писатели текот на седумдесеттите години од минатиот век . Пред повеќе од триесет години беше прибежиште познатиот пејач Леонард Коен, а во убавините овој остров уживаа и Мик Џегер , Кит Ричардс , Софија Лорен и многу светски познати уметници.
Доколку барате луксуз и големи хотели, овој остров не е за вас. Тука ќе најдете мали традиционални и топли грчки куќи, каде царуваат мирот и медитеранскиот спокој. Она што ќе ве пречека на овој остров се 3000 топли насмевки на лицата на мештаните и кристално чистото море како од разгледница.







