Мојата кујна

Еспресо-карамел коцки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250 г мелени бисквити (бисквит подлога)

* 50 г шеќер (бисквит подлога)

* 170 г путер (бисквит подлога)

* 120 мл неутрална павлака (карамел)

* 100 г путер (карамел)

* 300 г кафеав шеќер (може и обичен) (карамел)

* 1 лажица вода (карамел)

* 300 г чоколадо за готвење (еспресо-чоколадна подлога)

* 120 мл неутрална павлака (еспресо-чоколадна подлога)

* 1-2 лажици инстант кафе/нескафе (еспресо-чоколадна подлога)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Плехот за печење (20 x 20 см) намастете го и обложете го со хартија за печење.

2.Бисквитите доколку не се мелени, измелете ги. Путерот заедно со шеќерот растопете го и додадете ги мелените бисквити. Смесата измешајте и додека е сеуште топла префрлете ја во плех и рамномерно распределете ја.

3.Рерната загрејте ја на 180 степени и печете го колачот 10-тина минути. Оставете да се олади барем 15-20 минути.

4.Подготовка на карамел: Во сад, на оган, со постојано мешање, растопете го путерот заедно со шеќерот. Кога шеќерот ќе се карамелизира додадете павлака и малку вода и мешајте се додека не добиете густа карамел смеса (околу 5 до 7 минути). Истурете ја смесата врз топлиот бисквит и оставете го малку да се олади па ставете го во фрижидер, во длабоко, за да се стврдне.

5.На пареа растопете го чоколадото па додадете ја павлаката и кафето. Добро измешајте и смесата истурете ја врз добро стегнатиот карамел.

6.Колачот оставете го добро да се стегне во фрижидер, во длабоко, пред да го сечете на коцки. Добар апетит!

Write A Comment