Болка во грлото може да имаме како последица на алкохол, пушење, бактерии, вируси… Кога ќе ги добиеме навистина можат да бидат толку јаки поради што нема да бидеме способни за ништо друго освен лежење и одмарање.
Сигурно нема за брзо време да се ослободиме од неа, но како може да ја ублажиме?
Мокрете го грлото
Погрижете се грлото постојано да е мокро. Во тоа ќе ви помогнат бонбоните. Постојано лижете затоа што тие ја активираат плунката и го одржуваат грлото мокро.
Пијте солена вода
Во млака вода додадете неколку мали лажички сол за готвење и неколку пати на ден мијте го грлото со оваа вода. Секако течноста не треба да ја пиете. Млаката вода ќе ја смири болката во грлото и ќе ги отстрани нејзините незгодни симптоми.
Пијте антибиотици
Кога ќе добиете болка во грлото слободно можете да се напиете таблети за повишена температура како што е парацетамолот. Тие не само што ќе ја намалат болката во грлото, туку исто така и малата температура која може да се појави како последица од неа.
Пијте течности
Без разлика дали се топли или ладни пијалаците, тие ќе му годат на заболеното грло. Секако најдобро е да пиете чаеви или пак обична вода, додека во никој случај не смеете млеко затоа што тие само го иритираат грлото повеќе.
Лук
Доколку сте во можност јадете лук. Лук е најмоќниот сојузник во борбата против инфекциите во грлото. Тој е еден од најстарите и најефективните лекови против воспалено грло.
