Motherhood

Родители, вие сте идоли на вашите деца

Сонот на секој родител е да има одговорно, трпеливо, образовано и вредно дете. Она што не треба да се заборави е фактот дека децата како свој пример ги земаат родителите.

Почнувајќи од оние ситни навики како задржување на врата на јавно место и станување од столчето за постарите да седнат во јавниот превоз, па сѐ до начинот на размислување кај родителите е она што децата како „сунѓери” го впиваат и понатаму го практикуваат во животот.

Затоа родители обрнете внимание на овие неколку ситници:

Чувајте домашно милениче

Научето го вашето дете на одговорност со тоа што секојдневно ќе се грижите за миленичето заедно. Доколку не сакате милениче ,тоа може да биде и растение кон кое вие и вашето дете ќе имате секојдневна обврска.

Читајте

Доколку вашето дете ве гледа пред компјутерот и тоа ќе посака да го прави истото. Но, доколку гледа дека вие секоја ноќ читате книга и вашето дете ќе започне да чита, а тоа со сигурност ќе прерасне во навика.

Не заборавајте на забавата

Забавувајте се и покажете му на вашето дете дека е во ред да земе одмор од обврските и да се релаксира на најразлични начини.

Почитувајте ги постарите

Помагајте им на постарите соседи или роднини во пазарувањето, чистењето на домот, носењето на лекар и слично. Тоа му покажува на вашето дете дека постарите луѓе мора да се ценат и почитуваат.

Воспитувањето со зборови не е секогаш доволно па трудете се повеќе тоа да биде со разни дела од ваша страна.

Децата учат од сите нас, а ние сме должни да бидеме совршени примери и идоли за сите нив.

Write A Comment