Мојата кујна

Милиброд со праски и коњак

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 200 г брашно

* 230 г путер

* 180 г шеќер

* 3 јајца

* 1 лажичка прашок за пециво

* 2 лажички ванилин шеќер

* 60 мл јогурт

* 2-3 праски

* малку сол

* 85 г шеќер во прав (за прелив)

* 2 ½ лажици коњак (за прелив)

* 1 лажица мед (за прелив)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во пластичен сад за готвење, со помош на миксер изматете го путерот со шеќерот. Додадете ги јајцата едно по едно и откако ќе добиете компактна маса додадете ги: брашното, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер и малку сол.

Праските измијте ги и исечкајте ги на мали парченца. Додадете ги во смесата заедно со јогуртот.

Смесата префрлете ја во плех за печење кој претходно сте го намачкале со путер (или пак сте ставиле мрсна хартија за печење). Печете во загреана рерна на 180 степени околу 50 до 55 минути.

Подготовка на преливот: во сад добро измешајте ги шеќерот во прав со коњакот и медот. Кога колачот е испечен, прелијте го со преливот.

Write A Comment