За да биде поделотворна маската за лице најпрво треба да направите пилинг на кожата, за да ги оттргнете мртвите клетки и на тој начин да овозможите полесно продирање на хранливите состојки длабоко во кожата.
Подгответе домашен пилинг:
– две лажици пченкарно брашно
– една белка
Убаво промешајте и истријте го лицето, потоа измијте се со топла вода.
Пилинг може да направите и од:
– една лажица мед
– две лажици ситно смелени бадеми

Изгмечајте ја смесата и ставете ја на лицето, масирајќи со кружни движења. Потоа измијте се со топла вода.
На ред се маските за лице. Добро е доколку користите природни состојки за да ги подготвите.
Ова се маски за лице кои одговараат на сите типови на кожа:
Вкусна маска

– една изрендана јаболка
– 2 големи лажици јогурт
– 1 лажица мед
– 1 лажица овес
– половина лажица цимет
Измешајте ги убаво состојките и нанесете ја сместаа на лице, оставајќи ја да делува 10 минути.
Маска од банана
Испасирајте една банана. Ставете ја на лицето и оставете ја 20 минути. Потоа измијте се со чај од камилица. Оваа маска неверојатно брзо ќе го смири лицето.
Маска од аспирин

Издробете еден аспирин, промешајте го со неколку капки вода и ставете една лажица мед за да може полесно да се залепи смесата на лицето. Оставете ја маската на лицето да делува 20 минути најмалку. Потоа измијте се со млака вода. Оваа маска ќе ги исужи сите акни кои ги имате.

1 Comment
Maska za lice