Сигурно и вие ги имате во својот плакар оние неколку неизбежни парчиња гардероба, во црна боја. И тие секогаш ќе блескаат во полн сјај во комбинација со само една единствена сребрена нараквица, пар обетки или пак само црвен лак.

Неодоливото црно тесно фустанче кое ја оцртува женската фигура веќе години наназад изнудува воздишки од посилниот пол. Магијата на црната боја се провлекува векови и векови, цврсто рамо до рамо со променливите, актуелни, сезонски бои, промовирани на модните писти.
Црната боја дејствува поразително на машките сетила и е прогласена е за најсекси боја на сите времиња. Жената во црно симболизира јака, независна и самоуверена жена која ги прифаќа предизвиците на животот и не се крие зад плеќите на својот партнер.
Само не заборавајте, црната боја варира зависно од ткаенината, затоа бидете внимателни при комбинирањето на повеќе парчиња облека во црна боја, сe со цел да добиете една хармонична целина.

