Дали постојат работи кои ве изненадиле после доаѓањето на свет на вашето бебе? Една мајка направила список на неочекувани ситуации за кои треба да се подготвите…
Мислев дека бракот засекогаш го промени мојот живот. Потоа се породив, и тогаш се, ама баш се, навистина се промени. Мислам дека сите имаме мала претстава за тоа што значи да се биде мајка, бидејќи сите имаме сестра, другарка или соседка која има деца… Но, самата идеја (дури и додека сме бремени) за мајчинството постои во некои сеуште нецелосно оформен облик. Причината за тоа е дека веќе го носите своето дете во себе, но не постои ништо и никој кој би можел вас да ве подготви за она што следи.
Ќе бидете исцрпени. Секогаш.
Ќе се будите неколку пати во текот на ноќта. И наутро ќе станувате рано за на работа. Кога ќе се вратите од работа ќе треба да чистите во домот. Никогаш нема да имате време за одмор. Дури и кога ќе спиете, ќе бидете во полусвесна состојба, грижејќи се бебето да не се разбуди, дали дише или пак вас ќе ве разбуди вашиот мил сопруг кој “тивко” ‘рчи покрај вас, автомобилот кој свири или децата кои пред вашиот дом играат фудбал.
Најмногу ќе ве вознемирува бучава.
Ќе го слушнете дури најтивкиот звук. Можеби бебето заспало, а вие сте седнале да ја гледате својата омилена серија, но следуваат ѕвончето на соседите, вашето куче или … И бебето веќе се разбудило.
Вистина е дека нема да спиете додека бебето спие.
Навистина не ми е јасно зашто луѓето постојано ме убедуваат да одмарам кога бебето спие, да заборавам на валканите алишта и садови… Кога Зои спие јас или почнувам да јадам како ненаситна или по навика почнувам да го средувам домот. Не можам да поднесам да живеам во валкана и несредена куќа.
Ќе плачете. И тоа многу.
Ќе плачете кога бебето ќе се смее. И кога ќе плаче. И кога ќе читате книга. И кога бебето ќе се повреди. И кога ќе престане да плаче. Кога нема да имате спиено веќе два дена. Кога вашиот сопруг ќе ве покани на вечера. И да, и кога ќе се разбудуте во текот на ноќта за да го посетите своето бебе и го гледате такво мало и слатко чувствувате дека го сакате како што никогаш и никого до сега.
Нема да имате модерни работи.
Ако многу, многу водите грижа за стилот, со текот на времето ќе сфатите дека не вреди да купувате неудобни и скапи работи. Бебето ќе се лигави и ќе повраќа… А вие нема да имате време да го пресоблечете и моментално ќе ги исперете работите.
Сите ќе ве осудуваат.
Цело време. За се што правите. Што и да направите секогаш ќе има некој кој ќе ви каже дека нешто грешите. Или ќе ви кажат како тие тоа би го направиле доколку би биле на ваше место или како тие би се однесувале доколку детето било нивно. Бебето кај луѓето го буди она чувство на посесивност. Можеби е тоа поради доењето. Затоа љубезно насмевнете се, и правете онака како што вие мислите дека е правилно.
И понатаму ќе го сакате својот сопруг. Само на поинаков начин.
Од многу жени ќе слушнете како љубовта кон сопругот постојано расте и станува се поголема кога ќе видите колку го сака вашето дете. Можеби, веднаш нема да разберете. Но кога ќе почне да станува навечер наместо вас или кога на вашата ќерка ќе и го облече долниот дел од тренерките и маицата од тимот за кој навива, целосно ќе одлепите по него.
Ќе пропуштате многу работи.
Некогаш тоа ќе ви оди на нерви, но во секој случај дома ве чекаат оние кој најмногу ги сакате. Ќе се случи да не можете да излезете со другарките, бидејќи ќе нема кој да ви го причува бебето или сте премногу уморни и немате време. Затоа уживајте во секој момент поминат со своето бебе, и тоа што е можно повеќе.
Од време на време ќе им бидете љубоморни на другарките кои немаат деца.
Од причина што може да прават што сакаат и кога сакаат. Може да го преспијат цел ден и цел оброк да го изедат лежејќи. Носат што сакаат и одат каде сакаат. Може да шетаат по продавници без притоа да носат бебешка торба полна со пелени, и не се сопнуваат од играчки одејќи низ домот и не идат на прсти за да не го разбудат бебето.
Но, иако се чувствувате уморно и исцрпено, можеби понекогаш и исфрустрирано, присуството на бебето ќе направи многу брзо да заборавите на сите овие 9 работи.
А како е тоа да се биде мајка? ПА, тоа е најубавото нешто на светот!
