Летно време треба да се шминкате на посебен начин, а ние ви нудиме неколку трикови со кои ќе ја совладате техниката и брзо ќе се нашминкате за врелите летни ноќи.
Подлога
Пудрата мора внимателно да ја изберете, се разбира треба да квалитетна и тонирана. Таа треба да хидратира вашата кожа, да ги покрие неправилностите на лицето, да штити од УВ зрачењето и да даде сјај на лицето.
Руменило – бирајте светли нијанси како и бронзените, а нагласете ги образите, челото, врвот на брадата и вратот.
Кармин и сенки – кршете ги вообичаените правила за шминкање. Играјте си со боите и нанесете виолетова сенка, а портокалов кармин.
Лакот за нокти – ако сакате да бидете забележани, се разбира треба сите дречливи нијанси да ги ставите на своите нокти или пак златни.
