Секој Јули, како дел од уметничкиот фестивал Ágitagueda, стотици чадори се закачуваат над шеталиштата на улиците на Агуеда.
Оваа убава традиција започнала пред три години, но веќе донесе слава и светска препознатливост за ова место. Инсталацијата со својата колоритност, не само што создава позитивна атмосфера и енергија, таа исто така има и практичка страна, создава сенка од жешкото сонце.
Ова е дел од изгледот на овој град, доколку патувате во Јули во Португалија, немојте да го пропуштите овој настан.








