ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
* 3 јајца,
* 3 лажици шеќер,
* 3 лажици брашно
За крем:
* 1 пудинг од ванила,
* 4 лажици шеќер,
* 5 дл. млеко,
* 4 листови желатин,
* 5 дл слатка павлака
Останато:
* 3 дл. млеко,
* 250 г. пишкоти,
* 2 дл. слатка павлака, шлаг пена, какао
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Испечете тесто од наведените состојки на 180 степени. Ставете го желатинот во ладна вода и нека стои 10 минути. Во млекото направете го пудингот и додадете шеќер, а кога ќе биде готов додадете го желатинот. Оладете го пудингот мешајќи за да не се создаде кора. Сматете ја павлаката и додадете ја во оладениот пудинг.
Тестото ставете го на подлога за торта. Напрскајте со млеко и ставете третина од кремот. Пишкотите потопете ги малку во млеко и ставајте ги на кремот. Врз нив ставете ја втората третина од кремот, па ред пишкоти и преку нив остатокот од кремот.
Оставете неколку часа да се стегне и олади.
