Motherhood

Која е формулата за среќен брак?

Во денешно време одржувањето на долготрајна романтична врска е прилично тешко, а бракот е изложен на разни предизвици. Прашањето е што можете да направите во тој поглед и дали постои некаква формула за среќен брак?

ScienceDaily објави истражување спроведено врз 400 Американци на возраст од над 65 години, на кои им било поставено прашањето за тоа како може да се пронајде компатибилен партнер и воедно од нив било побарано да споделат совети поврзани со љубовта и романтичните врски.

Интервјуата со испитаниците ги спровел професорот Карл Пилемер од универзитетот Корнел. Во предвид биле земени поединци кои се во брак најмалку 30 години, како и поединци кои се разведени. Оние што биле во брак дале совети околу тоа како може да се одржи бракот, додека пак оние што се разведени биле запрашени околу тоа како може да се спречи разделбата.

На крајот од сето она што било наведено биле извлечени неколку заклучоци, од кои е составена кратка листа на совети за среќен брак.

Советите се следни:

1. Научете да комуницирате.

2. Добро запознајте го партнерот пред да стапите во брак.

3. На бракот гледајте како на работа која бара доживотна посветеност.

4. Научете да соработувате како тим.

5. Одберете партнер што е многу сличен на вас.

Write A Comment