ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Сос
* 3 супени лажици масло
* 1 сечкан кромид
* 2 чешлиња лук
* 1/2 кафена лажичка црвен пипер
* 1 конзерва сос од домати
* 1 лажица оригано
* 1 ловоров лист
* 2 лажици пармезан
Полнење за лазања:
* 15 лазања тестенини
* 60 гр рикота
* сол и бибер
* 200 грама рендан пармезан
* 30 грама рендана моцарела
* 4 жолчки од јајце
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте го маслото на средна топлина. Ставете ги кромидот лукот и црвениот пипер и гответе ги 1 до 2 минути. Не дозволувајте кромидот да загори. Потоа додадете го сосот од домати, ориганото и ловоровиот лист. Оставете да поврие и да настане мешавина на вкусовите, мешајќи повремено половина час. Додадете го пармезанот и отстранете го ловоровиот лист и сосот за лазањата е подготвен.
Во меѓувреме загрејте ја рерната на 350 степени и згответе ги тестенините. Додека тестенините се варат, во голем сад комбинирајте ги рикотата, солот, биберот и пармезанот и мешајте додека не се соединат. додадете ги жолчките од јајце и оставете го настрана.
Во тавче нанесете тенок слој од црвениот сос и покријте го со тестенини. Над тестенините нанесете го сосот со рикота сирење. Над овој сос ставете моцарела, уште еден слој сос, а потоа повторете го процесот. Последниот трет слој покријте го со сос и моцарела и ставете го во претходно загреаната рерна 50 минути.
По вадењето од рерна оставете ја лазањата да се олади 20 минути, па потоа исечете ја на квадрати и послужете ја со преостанатиот црвен сос.
