Мојата кујна

Пиперки полнети со кремсирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 6 лути пиперки

* 60 гр. кремсирење

* 120 гр. ситно исецкан колбас по желба

* 6 парчиња сланина

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Пресечете ги пиперките на половина по должина и исчистете ги од семето. Пресечете ја сланината на половинки. Рамномерно распределете го кремсирењето и намачкајте ја внатрешноста на пиперките. Додадете малку сецкан колбас. Потоа замотајте ја пиперката со парче сланина и зацврстете го со чепкалка.

Наредете ги подготвените пиперки на плех, обложен со хартија за печење. Печете ги 30 минути додека да се испечат сланината и колбасот.

Послужете ги топли.

Write A Comment