Појадокот би требало да биде најважниот оброк во денот, а најчестиот избор се житарици со млеко или некои пецива. Но, еве неколку добри причини зошто токму јајцата се вистински избор за појадок.
Подолго време ќе останете сити
Ако наутро изедете јајце наместо на пример, тост или корнфлекс, ќе останете подолго време сити бидејќи протеините и мастите кои се наоѓаат во јајцата го одржуваат нивото на енергија во вашиот организам.
Јајце за добра линија
Истражувањата покажаа дека оние кои наутро јадат јајца имаат помала можност да се здебелат, од оние кои консумираат, на пример, прецива.
Јајцата освен што се одличен извор на протеини, имаат и значајни количини на витамини и минерали и други вредни хранливи состојки.
Цената им е прифатлива
Во споредба со цената на месото, особено црвеното, јајцата се релативно поефтини. Зависно од големината, за еден оброк доволно ќе ви бидат само 25-30 денари.
Тие се извор на витамин Д и се добри за видот
Јајцата помагаат во развојот на мозокот и помнењето и се добар извор на витаминот Д кој на голем број луѓе му недостасува во организмот. Исто така, јајцата се добри за видот.
Новите истражувања покажаа дека денешните јајца содржат околу 20% помалку маснотии, 13 проценти помалку калории и 10% помалку холестерол отколку пред 30 години, поради што долго време беа на листата на храна која беше препорачливо да се консумира со внимание.
