Многу нови мамички се во недоумица дали имаат доволно млеко за бебето и што може да направат по тоа прашање. Најчести причинители за недоволното лачење на млеко се несоодветна храна и пијалок, замор, високо ниво на стрес, како и не честото доење на бебето и доење во кратки временски периоди.
Мајчиното млеко е најдобрата храна која можете да му ја дадете на бебето и тоа најмалку во првата година од животот и затоа секој напор кој би го вложиле за да имате повеќе млеко за бебето е исплатлив. Мајчиното млеко ги содржи сите неопходни хранливи состојки, го снабдува бебето со антитела кои се неопходни за борба против инфекции и заштита од алергии, астма и гојазност подоцна во животот.
Доењето го подобрува брзото губење на килограми по породувањето кај мајките, а подоцна во животот ја заштитува од рак на дојка или јајници.
Еве неколку совети до кои треба да се држите за да обезбедите доволно млеко за своето бебе на природен начин:
Јадете здрава анти-инфламаторна храна. Вашата цел треба да биде да внесете околу 2.500 калории во текот на денот.
Пијте многу вода. Вашето тело не може да создава млеко ако е дехидрирано.
Обезбедете си што поквалитетен сон. Во текот на денот кога бебето спие, поспијте и вие. Одморена мамичка потешко се заморува, подобро е расположена и помалку е подложна на стрес.
Редовно користете некои од техниките за намалување на стресот како што е техниката на дишење. Може да биде доволно и да излезете на кратка прошетка сами и без обврски.
Замолете ги членовите на семејството и пријателите да ви помогнат во секојдневните обврски. Не морате сè самите да постигнете, посебно во почетокот додека се прилагодите на новата ситуација и додека стекнете рутина.
Често доете го бебето, бидејќи колку почесто и подолго го доите, толку повеќе млеко ќе произведувате.
