Motherhood

Трикови за излегувањето од пелени

Повеќето деца пелените ги оставаат помеѓу вториот и третиот роденден. Тоа е процес во којшто можете да им помогнете, но основната улога ја игра зрелоста на самото дете и неговата спремност да почне да се служи со нокшир или ВЦ.

Како да дознаете дали детето е подготвено

• по притисокот во меурот и цревото тоа мора да сфати дека „му се оди по надвор“
• мора да може да ги контролира своите мускули на меурот и цревото (целосната контрола е можна најрано од третата година)
• мора да ја сфати врската помеѓу „морам да мочкам“ и самото празнење на меурот
• би требало да е способно самата потреба за „по надвор“ да ја oдложи за подоцна

Како да му се помогне на детето

• немојте да го седнувате на нокшир секогаш во исто време, туку само тогаш кога има потреба. Само така детето ќе ја сфати врската помеѓу да се мора, да се седне и вршењето на самата потреба
• пофалете го кога добро ќе го примени она на што го учите, на пример, кога ќе каже дека сака да кака или мочка, па самото ги симне гаќите и седне на нокширот. Но, пофалете го и тогаш кога нема баш се да направи како што треба
• не лутете се кога нешто пак ќе направи наопаку. Подобро да го утешите и охрабрите („Добро мислеше, а следниот пат сигурно ќе биде добро“)
• облечете му облека што може брзо да ја соблече – на пример, гаќи на ластик
• заедно дознајте дали повеќе сака нокшир или ВЦ шолја
• немојте да се затворате кога одите во ВЦ. Оставете детето да ве гледа.

Кога можете да очекувате успех?

• немојте да очекувате дека детето одеднаш само ќе почне да води сметка за хигиената. Тоа ќе минува низ фаза на развиток која трае околу две години и во која се случуваат многу „незгоди“, а понекогаш и враќање на старите навики
• проучувањата покажуваат дека прераното и строгото привикнување на нокширот го продолжува процесот на усвојување на хигиенските навики
• не впуштајте се во никаков натпревар со другите мајки, ниту во расправи за тоа чие дете најбрзо ќе ги усвои хигиенските навики. И индиректниот притисок го забавува природниот развиток
• трајното одвикнување од пелените е можно најрано од втората година. На петгодишна возраст детето ретко би требало да се покака во гаќи или во кревет. Ако не е така, тогаш обратете се кај Вашиот педијатар.

Write A Comment