Убавина

Маска за лице со киви и глина

Дали сте чуле дека кивито го викаат “мала витаминска бомба”? Така е, бидејќи во овој ситен плод е содржано незаменливо богатство не само од витамини, туку и од минерали и ензими. Ова го претвора во прекрасно средство за пролетта, со кое можеме да ја енергизираме кожата на лицето.

За глината пак занеме дека обезбедува есенцијална грижа  не само на лицето, туку и на косата и воопшто – целото тело.

А кога овие два прекрасни продукти влезат во комбинација со уште една супер корисна состојка – медот, се добива навистина одлична маска.

Потребни состојки:

1 лажица глина

1 лажиче мед

½ киви

Начин на подготовка:

Изгмечете го кивито и измешајте го со глината. Додадете го медот и добро измешајте. Добиената смеса нанесете ја врз лицето и вратот и оставете ја да дејствува околу половина час.

На крајот исплакнете со млака вода. И тоа е тоа!

Write A Comment