Убавина

Силен акцент поставен смело и на место

Во студените зимски денови сите сакаме да изгледаме атрактивно, меѓутоа ваквиот изглед  да не ни одзема премногу време. Е за среќа, решението на оваа задача е доста едноставно – еден силен акцент, поставен смели и на место. Важно е да не го заборавате златното правило дека фокусот треба да биде само еден, или ќе бидат очите или усните.

Ако сакате да ги акцентирате очите, најпрво исцртајте ги со црн молив, а од горе нанесете течен туш или мрсни сенки но со четка за да се исцрта убава линија. Изберете силни бои како тиркизна, зелена, златна,  сребрена…

Ако за акцент ги избирате усните, изборот е навистина огромен. Изберете оранжева или диња боја за светол тен или темно виолетово-розови нијанси за потемен тен. Додадете и аксесоари во истата боја за потсилување на ефектот.

 

Write A Comment