Motherhood

Предмет за кој се врзуваат децата кога се мали

Многу често слушаме приказни од мајките во кои тие кажуваат за предмети за кои нивните деца се врзуваат, па од тоа потекнува прашањето дали вашето дете треба да има такво нешто или пак нема потреба? Поголем број на деца развиваат голема поврзаност со својот предмет,како на пример, со омиленото ќебенце без кое несе може или предмет што го прави да се чувствува безбедно и удобно. Меѓутоа предметот не е тоа што го прави чувството на заштитеност и удобност, па затоа не мора да се грижите ако вашето дете нема таков предмет. Децата кои немаат таков предмет, можеби го наоѓаат својот лек за релаксирање, на пример, во виткање на косата со прст, грицкање на косата или се смируваат со помош на музика.
Повеќето од децата самите откриваат што им е потребно, меѓутоа, ако вашето дете има проблем со смирување или заспивање ноќе, вие може да му помогнете. Потрудете се да размислите за петте сетила: Постои ли одреден мирис што го прави да се чувствува релаксирано? Може на детето да му дадете мека блуза или маица со вашиот мирис или со мирис кој ќе го натера да се чувствува порелаксирано, мирис кој вие сте забележале дека го смирува. Може да му дадете да намачка само малку од вашиот лосион или парфем на неговата рака.
Во крајна линија – предметот нема да му направи препрека за зближување со други луѓе.

Write A Comment