Sweet Home

Овој дом е вистинско уметничко дело

Спектакуларниот стан се наоѓа на врвот на зградата и маѓепсува со панорамскиот поглед, двата балкони и терасата на кровот.

Ова уметничко дело го одзeма здивот со неговата свежина и прострaност. Уреден е во класично романтичен стил. Големите прозорци се совршен извор на светлина, која дополнително ја зголемува убавината на овој стан.

Станот има четири спални соби и секоја од нив нуди прекрасен поглед од белите дрвени прозорци кои обезбедуваат визуелен контакт со водата. Трпезаријата е споена со кујната која е прекрасно декорирана во класичен стил. Кујната има сопствен балкон на запад со поглед кон хоризонтот во Стокхолм. На горниот кат се наоѓа балконот со стаклен покрив.

Write A Comment