Убавина

Маска за лице за негувана кожа во текот на летото

Летото претставува период кој најмногу може да и наштети на кожата на лицето. Без разлика на тоа дали сте на море или во град, сончевите зраци влијаат на оштетувањето на кожата посебно на лицето и ја сушат.

Токму затоа постои рецепт кој истовремено претставува и пилинг и ја одржува кожата во здрава форма.

Што ви е потребно?

  • ½ Авокадо
  • ¼ Овесна каша
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 3 лажички мед
  • 1 лажичка сок од лимон

Сите состојки заедно промешајте ги додека не добиете компактна смеса. Ставете ги состојките на претходно измиено лице и оставете ги 20-тина минути. Потоа тргнете ја смесата, измијте го лицето и ставете хидратантна крема.

Авокадото претставува супер храна за вашата кожа бидејќи е богато со масти и антиоксиданси. Овесната каша е одговорна за добриот пилинг на лицето.

Лимонот и јаболковиот оцет ги намалуваат воспалителните процеси кои се јавуваат како резултат на штетните UV зрачења, а медот ја омекнува кожата.

Write A Comment