Потребни состојки:
– едно пакетче сув квасец
– ¼ чаша топла вода
– 4 лажици растопен путер
– 1 јајце
– 1 чаша млеко
– 1 ½ лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
– 2 ½ шолји брашно (по потреба додадете)
– 1 чаша гриз
– 200 гр фета сирење
– 100 гр исчистени и исецкани маслинки
– маслиново масло
Начин на подготовка:
Се мешаат квасецот и водата во голем сад. Во посебен сад се меша стопениот путер, јајцето млекото. Откако ќе ги измешате убаво додадете ги водата и квасецот. Додадете ги солта и брашното. Мешајте додека не се изедначи смесата, а потоа додадете го и гризот.
Доколку при месењето осетите дека тестото е меко и се лепи, додадете уште малце брашно. Капнете и неколку капки маслиново масло во тестото, додека го месите.
На тава намачкана со путер ставете ги векните леб и оставете ги покриени со крпа на топло да нараснат еден час.
Потоа ставете ги да се печат на 250 степени, 35-40 минути. Кога лебот ќе зарумени и ќе има кора одозгора извадете го од рерната. Попрскајте со маслиново масло. Ставете го лебот на решетка и покријте го со крпа. Оставете нека се лади 10 минути и пресечете го.
