Здраво тело

Домашен лек кој ги прочистува крвните садови и го штити срцето

Овој природен препарат благотворно влијае на целото тело, а се подготвува многу едноставно, што значи дека нема да ви одземе многу време, но и за да го направите нема да ви бидат потребни големи средства.

Истиот одржува оптимално здравје на целиот организам – ги прочистува вените, го штити срцето, ја зајакнува отпорноста на инфекциите и го прочистува црниот дроб.

Потребни состојки:

  • 15 лимони
  • 400 гр пченица
  • 12 чешниња лук
  • 400 гр ореви
  • 1 кг мед

Подготовка:

Пченицата ставете ја во голем стаклен бокал, прелијте ја со вода, покријте ја со газа и оставете да отстои 10-12 часа. Потоа, процедете ја низ газата и добро измијте ја пченицата. По еден ден, ќе се појават ’ркулци со големина од 1-2 милиметри.

Со машина за мелење месо, потребно е да ги измелете лукот, оревите и из’ртената пченица. Потоа сомелете 5 лимони заедно со кората (претходно отстојани во сода бикарбона за да се отстранат токсините, а потоа добро измиени) и додадете ги во останатите сомелени намирници. Од останатите 10 лимони исцедете го сокот и истурете го во смесата. Потоа додадете го и медот. Сето тоа добро помешајте го, ставете го во поголема тегла и чувајте го во фрижидер. Природниот лек ќе биде спремен за употреба за три дена.

Дозирање

Потребно е да земате по 1-2 лажици 30 минути пред јадење, три пати во текот на денот.

Пред употреба на овој природен лек, консултирајте се со вашиот лекар.

Write A Comment