Сите жени би сакале да се разбудат со совршен тен и уште посовршена фризура и без шминка да изгледаат беспрекорно. Сепак, во реалниот свет тоа не е можно. За да постигнете убав и негуван изглед, послужете се со некои од овие трикови.
Селотејп против вишокот на сенка
Знаеме колкуи е иритантно кога на лицето имаме вишок на сенка, светки или сјај за усни. За да не изгледате како диско топка – вишокот на шминка едноставно отстранете го со помош на селотејп.
Со лажица против подочници
Уморни, потечени очи и подочници спречете ги со ладни облоги. Едноставно во фрижидер или замрзнувач ставете два лажици и оставете ги добро да се изладат, а потоа ставате ги на очите.
Пилинг за усни
Сакате да имате негувани усни и секогаш подготвени за бакнежи, направете сами пилинг за усни. Малку шеќер додадете во мед и капнете малку маслиново масло, добро измешајте и со тоа истриете ги усните.
Прилагодете ја пудрата на бојата на тенот
Доколу сте долго време изложени на сонце и лесно добивате боја, пудрата која ја користите ќе стане премногу светла за вас. Само додадете малку потемна и така ќе добиете совршена нијанса.
Аспирин за испукани пети
Ве мачи испукана и груба кожа на петите? Згмечете пет аспирини, измешајте ги со малку свежо исцеден сок од лимон и добиената смеса втријте ја на петите.
Паста за заби за бели нокти
Земете паста за избелување на забите и нанесте ја на ноктите па оставете да делува пет минути. Кога ќе ја измиете, вашите нокти ќе бидат совршено бели.
Парфем за мирисна коса
Доколку сакате да го отстраните непријатниот мирис од вашата коса, како што е мирисот од готвење, печење или дим, на четката за коса ставете од омилениот парфем и темелно исчешлајте се.
