Art & Crafts

За што се можете да го искористите детергентот за миење садови?

Детергентот за миење садови помага во чистењето, но може да ни помогне и околу некои други предмети во домаќинството, како што се отстранување на досадните инсекти.

Облоги од мраз

Од детрегентот можете да направите ладна облога која што ќе можете да ја користите за разни повреди. Во кесичка за замрзнување ставете детергент, добро затворете ја и ставете ја во замрзнувач.

Мрсна коса

Детергентот наводно помага кај валканата и мрсна коса. Ако случајно немате шампон, можете слободно да ја измиете косата со детергент за миење садови.

Ослободување од инсектите

Детергентот за миење садови може да ви помогне да ја заштитите градината од инсекти. Се што треба да направите е да го испрскате местото каде што има инсекти со вода и детергент за миење садови.

Write A Comment