Bridal

Погрешни причини за стапување во брак

Луѓето обично стапуваат во брак од љубов, меѓутоа има бракови кои се случуваат и поради некои други причини, а кои сигурно не треба да бидат причина за стапување во брак. Пронајдовме за вас поради кои причини сигурно не треба да стапите во брак со личност за која не сте сигурни дека е вистинската за вас.

Во брак никако не смеете да стапите само затоа што не сакате да бидете повеќе сами.

Никогш не стапувајте во брак со некоја личност само затоа што мислите дека не можете да најдете некој подобар за вас.

Доколку мислите дека ќе го промените вашиот партнер само со тоа што ќе стапите во брак, се лажете.

Непланираната бременост не смее да биде причина за брак.

Доколку сакате да избегате од своето семејство не морате да трчате во брак, можете да живеете и сами.

Не стапувајте во брак поради финансијски причини.

Не дозволувајте партнерот да ве наговори на брак.

Доколку сакате да имате деца не мора да стапувате во брак само поради тоа. Децата може да се раѓаат и додека не сте во брак.

Доколку мислите дека бракот е логичен редослед на настаните, може да се излажете.

Доколку чувствувате притисок од семејството и смо поради тоа стапувате во брак, веднаш откажете се.

Write A Comment