Motherhood

Совети за безгрижно летување со децата

Летувањето децата е вистински благослов, но исто така може да биде стресно за родителите, бидејќи децата се чувствителни на низа на здравствени проблеми кои можат лесно да ви го расипат летувањето. Прочитајте како да се подготвите за патувањето, како да го заштитите детето од мачнина при патувањето и болка во ушите која се јавува ако летате со авион, и секако од опасните сончеви зраци и убоди од инсекти.

Кога патувате со вашето дете, со себе секогаш треба да имате:

Во случај на акутни или хронични болести кај детето секогаш носете извор од медицинската документација

Препишани лекови

Кутија со прва помош (дезифициенс, газа, завој, ножички, антибактериски марамчиња, капки за нос, антибиоски крем, орална рихидратациска сол)

Топломер

Репелент за инсекти

Средства за заштита од сонце

Таблети за дезинфекција на вода

Ако патувате со автомобил, детето секогаш мора да биде сместено во седиште за во автомобил, и оневозможено само да ги отвара вратите и прозорите. Иако некои возачи не сакаат да застануваат многу во текот на патувањето, кога имате деца во автомобилот препорачаливо е да застанувате на секое два до три часа и да правите пауза. Детето никако не смеете да го оставите само автомобилот, и особено во лето треба да бидете сигурни дека пие доволно течности.

Патувањето со авион предизвикува болка во ушите 

Долгото патување, на пример со авион, може да предизвика пореметување на циклусот на спиење кај детето, особено ако минувате низ повеќе временски зони. Тоа можете да го превенирате така што ќе го прилагодите ритамот на детето на идните услови, уште неколку дена пред патувањето.

Во текот на летот со авион децата можат да се пожалат на болка во ушите поради промената на притисокот. Кај помалите деца може да ви помогне цицање, голтање, односно хранење, а кај поголемите зевање, џвакање гума за џвакање, дување балони. Оваа појава е воглавно безопасна, со исклучок на некои акутни или неодамна преболени болести на ушите.

Следствено на тоа важи правилото да не се планира патување, особено со авион, најмалку две недели по преболената болест (особено по некои воспаленија или операција).

Спречете ја мачнината за време на патувањето 

Појавата на мачнина за време на патувањето е особено честа кај децата, а веројатно е предизвикана поради преосетливост, односно како одговор на неподготвеноста на средишниот нервен систем на продолженото движење.

Најдоброто нешто кое можете да го направите кога детето ќе почне да чувствува мачнина, кога ќе пребледи, ќе почне да се поти или има нагон за повраќање е да го прекинете дејствието кое довело до оваа состојба. Секако, бидејќи не сте секогаш во прилика кога можете да го направите тоа, нужно е да останете смирени и да му помогнете на вашето дете.

За да се спречи дехидрацијата која може да биде последица од повраќањето, околу 3 часа пред патувањето дадете му на детето лесен и немасен оброк, и за патот обезбедете доволно течности.

За време на патувањето окупирајте го вниманието на детето со разговор или музика, но избегнувајте ги видеоигрите, читањето, пишувањето и сл.

Со претходна консултација со лекар, можете да му дадете на детето лек кој ги намалува проблемите кои се јавуваат поради продолженото движење.

Храна и пијалаци за време на патувањето 

Внимавајте водата која ќе му ја дадете на детето да биде флаширана, особено ако патувате надвор од земјата, како и да не купувате храна од уличните трговци ако планирате да ја дадете на помало дете. Децата имаат помала отпорност, но дури и возрасните најголемите здравствени пробеми во текот на патувањето ги имаат токму поради труење со вода и храна.

Заштита од сонце и убоди од инсекти 

Никако не заборавајте да го заштитите детето од сонце! Без разлика на тоа кој фактор го користите (за децата се препорачува 30+ или 50+ фактор), секогаш нанесете крем пред да излезете на сонце, а потоа повторно нанесувајте го на секои два до три часа. Сепак, избегнувајте директно изложување на децата на сонце, барем од 10 до 16 часот, кога зрачењето е најјако.

За да го заштитите детето од убоди од инсекти важат три основни правила:

Во природа носете облека со долги ракави и ногавици од лесни материјали

На телото и на облеката нанесете репелнти (средства за одбивање на инсекти)

Редовно проверувајте го целото тело на детето, со цел да ги забележите можните убоди и да можете да реагирате на време, со што би се спречило влошувањето на местото на убодот и можните инфекции.

Write A Comment