Здраво тело

Зошто не е добро да се пие вода со мраз на овие жештини

Иако можеби ќе помислите дека чаша со ладна вода во која сте ставиле неколку коцки мраз ќе ви помогне полесно да го преживеете овој топол бран, сепак научниците предупредуваат дека влијанието на нашиот организам е сосема поинакво. Всушност, телото троши повеќе енергија за регулирање на телесната температура отколку за варење на храната и апсорпција на хранливите материи.

Според научниците, резултатот на овој процес е загуба на вода и дополнително загревање на телото. Со други зборови, ладната вода го успорува варењето на храната, а го намалува протокот на крв и ја успорува хидратацијата.

Доколку го пиете вашиот леден напиток веднаш по оброкот, постои голема шанса и да настинете, дури и ако надвор е многу жешко. Оваа навика има прилично лошо влијание врз лачењето на плунка и го намалува имунитетот.

Кога стекнувате навика да пиете вода на собна температура, ќе забележите драстично подобрување во варењето на храната и ќе се чувствувате подобро за време и по конзумирање на оброците.

 

Write A Comment