Убавина

Омекнете ги стапалата со домашна маска од три состојки

Во топлите денови се носи полесна облека, а поради тоа, време е да ги дотерате и вашите стапала. Ако имате проблеми со тврда и испукана кожа на петиците, не мора да се брзате за на педикир, направете си сами домашен третман со купка и маска за стапала.

За купка:

– 1 лажица глицерин

– грст крупна морска сол

– 2 лажици сок од лимон

За маска:

– 1 лажица глицерин

– 1 лажица сок од лимон

– 1 лажица розова вода (вода од рози)

Постапка:

  1. Наполнете леѓен со топла вода, една педа или две погоре од стапалото.
  2. Додадете сол, сок од лимон и глицерин и се добро промешајте.
  3. Савете ги нозете во купката, и оставете ги добро да се навлажнат, околу 15 до 20 минути.
  4. По ова земете камен или турпија и истругајте ги потпетиците и стапалата.
  5. Во сад измешајте една лажица глицерин, розова вода и лимон.
  6. Мешавината нанесете ја во дебел слој на петите и оставете малку да се исуши , па облечете памучни чорапи.
  7. Оставете ја маската да отстои 3-4 часа, а уште поубаво ако можете да ги оставите преку целата ноќ.
  8. Отстранете ја маската со млака вода, а потоа намачкајте ги петите со маслиново масло и масирајте неколку минути.
  9. Постапката повторете ја на три дена и тврдата и испукана кожа на петите ќе исчезне.

 

Write A Comment